„Албанците во с.Македонија и Црна Гора се гаранти за постоењето на овие држави и во овој контекст тие мора да се борат максимално да ги здобијат своите права. Во овие две словенски држави, а да не зборуваме за Србија, Албанците се сметаат како граѓани од втор ред.“ – вели аналитичарот Леон Духанај за косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“. Според аналитичарот Реџеп Шаху, „првиот чекор што треба да се направи во Црна Гора е да се унапредат правата на Албанците, ако лидерот на Граѓанската иницијатива ‘Ура’ Дритан Абазовиќ стане прв премиер-Албанец на Црна Гора“. Овие нивни ставови „Бота сот“ ги изнесува во политичката анализа со наслов „Дритан Абазовиќ да му стави крај на систематското словенизирање на албанското национално тело во Црна Гора – дали тој ќе биде биде првиот премиер-Албанец на Црна Гора?!“ Анализата ја пренесе информативниот портал од Албанија „Фикс.ал“.
„Бота сот“ пишува: „Пред да биде соборена Владата на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, досегашниот премиер и моментно привремен вршител на таа должност, поднесе барање за разрешување на потпретседателот на Владата Дритан Абазовиќ, но не успеа да ја оствари својата замисла. Дритан Абазовиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива ‘Ура’, уште од соборувањето на Владата искажа тврдење дека ќе биде формирана малцинска Влада. Тој беше претпазлив во поддршката за формирање малцинска влада, без да изјави дека ќе ја води.“
„За формирањето малцинска Влада се изјаснија и албанските партии во Црна Гора. Во Црна Гора живеат голем број Албанци и тие не ги ги имаат сите права, што треба да ги имаат. Во Црна Гора не се почитува етничката структура и српскиот јазик се наметнува во многу места, наместо да се употребува албанскиот јазик. Ако Дритан Абазовиќ стане премиер на Црна Гора, дали ќе се сменат перспктивите на Албанците? Неколку политички аналитичари ги изнесоа своите мислења за ‘Бота сот’ во врска со ова прашање.“
„Аналитичарот Леон Духанај изјави дека Албанците во Црна Гора не ги имаат своите права, дури се сметаат како граѓани од втор ред. Според него, вината за тоа е во механизмите на соодветните држави. ‘Насекаде во регионот, особено во Црна Гора, Албанците не ги имаат основните права, што им припаѓаат. Во словенските држави Црна Гора, с.Македонија, да не зборуваме за Србија, Албанците се сметаат како граѓани од втор ред. Ним не им е дадено повеќе од она што беше неизбежно.“
„Како нација, ние, Албанците, не успеавме правилно да се избориме за нашите интереси. Главната грешка тука е во механизмите на соодветните држави. Вина си имаме и ние самите, нималку помала. Албанците како во Црна Гора така и во с.Македонија се гаранти на постоењето на овие држави. Тие мора да се борат максимално да ги здобијат своите права.’ – смета Духанај.“
„Аналитичарот Реџеп Шаху изјави дека првиот чекор што треба да се направи е да се унапредат правата на Албанците, ако Абазовиќ стане премиер. ‘Денес Црна Гора е сојузник на косовските Албанци. Таа е земја која и се спротивстави на Србија. Црна Гора е во НАТО, таму каде што Америка се судри со Кина и Русија. Денес е тешко да се биде против против Америка и НАТО. Албанците во овој контекст имаат повеќе простор и права. Се надевам дека ќе биде голем настан, ако се одреди Албанец како претседател на Владата на Црна Гора. Унапредувањето на правата на Албанците би бил квалитативен чекор, можеби и наскоро.“





