Дудуш: Да не требаше да набавиме запрежни коли!

„Каква одлука требаше да донесе градоначалникот за истата да не биде скандалозна и вредна за жолт печат? Дали требаше да се набават влечни коњски коли со кои не прикажувате Вие кога говорите за некое Ромско прашање?“, стои во реакцијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, по веста дека општината се луксузирала со набавка на две нови возила „цитроен Ц4“.



Од општината велат дека бил распишан тендер за набавка на нови возила по цена од 14 односно 18 илјади евра, со кои биле заменети два стари модели на автомобили, кои биле во лоша состојба и неподобни за вршење на секојдневните активности на градоначалникот и вработените.

Од таму неираат дека возилата имале дополнителна опрема.