ДС: Владата да поднесе оставка по Извештајот на ЕК

„Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ ја замајуваа јавноста со уставни измени, но ЕУ покажа дека оваа власт не направи ништо за напредок на Македонија кон стандардите на ЕУ, да ја подготви државата за отворање на преговарачките кластери и за воспоставување на фундаментите за владеење на правото“ реагира Демократскиот сојуз по Извештајот на ЕК за Македонија.



Велат дека Извештајот е реален одраз на состојбите во државата и поради тоа што нема напредок во клучните области, владеењето на правото и борбата против корупцијата..

Владата треба веднаш да поднесе оставка, велат од партијата.

„Со прифакање на барањата на Бугарија во Преговарачката рамка дополнитено ги блокираа евроинтеграциските процеси и ги загрозија нашите национални и стратешки интереси.

Оценките и насоките од ЕУ оваа Влада ниту може ниту сака да ги разбере, уште помалку да направи исчекор напред, поради што бараме оставка од Владата во целина и посебно одговорност од министрите за надворешни работи и за евроинтеграции“, велат од Демократскиот сојуз.