ДС: „Со измените на Кривичниот законик ‘капиталците’ се на слобода“

Демократскиот сојуз реагира што досега нема одговор од Уставниот суд на иницијативата од претседателот Павле Трајанов од 19.9.2023 година со која се бара Судот по службена должност да донесе привремена мерка за одложување на примената на Измените на Кривичниот законик.



Претходно  6.9.2023 година, Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Кривичниот законик со кој се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување и се декриминализира кривичното дело поврзано со јавните набавки, а измените на законот беа објавени во „Службен Весник на РСМ“ бр.188/23 од 7.9.2023 година.

Од партијата велат дека Уставниот суд досега не го информирал подносителот на иницијативата за тоа дали постапил, дали е прифатена иницијативата, дали има донесено времена мерка итн се вели во соопштението од партијата од каде велат дека „Со измените на Кривичниот законик ‘капиталците“ се на слобода“

Од Демократскиот сојуз велат дека Измените на Кривичниот законик се применуваа при што голем број носители на јавни функции кои ја злоупотребиле службената положба за кои се води кривична постапка се ослободени, а над 200 други функционери или службени лица исто така ќе бидат ослободени.

„Демократскиот сојуз и претседателот на партијата, со своите ставови и иницијативата до Уставниот суд, укажаа на штетните последици од донесувањето и примената на измените на Кривичниот законик, измени со кои се урива владеењето на правото“ се вели во соопштението.

„Ние зборуваме за суштината на иницијативата, а не за формално правните аспекти.

Нашите очекувања беа и сè Уставниот суд да донесе одлука за одложување на примената на измените на Кривичниот законик и донесување на одлука со која ќе ја укине нивната примена“ велат од Демократскиот сојуз.