ДС: Не „пакети“ и социјални мерки, туку 300 евра минимална пензија

Демократскиот сојуз предлага да се определи минимална пензија од 300 евра и да се дефинира методологија за раст и усогласување на пензиите.



Предлагаме Владата да ги разгледа сите аспекти на оправданите реакции и протести на пензионерите, најитно да ја дефинира минималната пензија и да направи усогласување на пензиите со реалното зголемување на цените, растот на платите и инфлацијата, се вели во соопштението од партијта на Павле Трајанов.

Но, велат дека за дефинирање на минимална пензија сѐ уште нема согласност од партиите на власт.

„Наместо тоа, сѐ уште се предлагаат пакети, еднократни социјални мерки, парична помош, без систем и методологија за утврдување минимална пензија и усогласување на истата со животните трошоци, инфлацијата и растот на платите“ велат од Демократскиот сојуз.