Демократскиот сојуз изразува загриженост во врска со неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.



Од партијата на Павле Трајанов ја повикуваат Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија.

„Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција.
Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.

Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет“ реагираат од партијата.