Демократски сојуз: Јавно да се објави записникот од македонско-бугарската комисија

Демократскиот сојуз смета дека мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања не е надлежна да разговара и да преговара за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.



Во медиумите се појавија информации дека тема на бугарските историчари и на нивните македонски колеги била и Охридската Архиепископија.

Од Македонскиот тим негираа разговори на таа тема

Од ДС велат дека „Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е македонска или мугарска е рамно на велепредавство. Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ.

ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел), да биде разрешена и да се изберат историчари кои се резистентни на политичко влијание“, се вели во партиското соопштение.