„Оваа состојба е резултат на неодговорното владеење на ДУИ и СДСМ, јавашлакот и партиските кадри, кои се заштитени од водството на двете владејачки партии. Кривична одговорност мора да сносат сите што биле вклучени во овие грозоморни ‘убиства’ на пациентите, но без политичка одговорност на премиерот и министрите, ваков вид злосторства и натаму ќе се повторуваат“, велат од Демократскиот сојуз.



Од партијата и бараат политичка и кривична одговорност за загрозување на животот на голем број пациенти во Клиниката за онкологија со кражбата на терапијата и нејзиното продавање на црниот пазар.

Демократскиот сојуз јавно ги прашува МВР, АНБ, Финансиската полиција и другите надлежни институции до кога ќе чекаат медиумите да го откриваат криминалот од функционери на партиите од власта и ги поддржува граѓанските протести и бара одговорност од сите вклучени во овој криминал без преседан.