Портпаролот на партијата Левица Амар Мециновиќ бара Антикорупциската комисија да ги истражи јавните набавки во јавно претпријатие каде над 2,6 милиони евра биле дадени на приватна компанија на брат на директор во државниот субјект.
Левица од ДКСК бара да утврди како скопското јавно претпријатие Градски паркинг дало тендери во вредност од над 150 милиони денари на фирма на брат на директор.
,,За време на директорувањето на Владимир Кроневски со ЈП Градски Паркинг, јавно достапни се информациите за 20 тендери во износ од над 2 милиона и 600 илјади евра кои се доделени на компанијата НекстСенс, во која неговиот брат Васко Кроневски е извршен директор и ко-сопственик”, вели меѓу другото Мециновиќ во изјавата.
За време на директорувањето на Владимир Кроневски со ЈП Градски Паркинг, јавно достапни се информациите за 20 тендери во износ од над 2 милиона и 600 илјади евра кои се доделени на компанијата НекстСенс, во која неговиот брат Васко Кроневски е извршен директор и ко-сопственик. pic.twitter.com/gCLza2Duai
— Левица (@levica_partija) April 7, 2022
За истите наводи expres.mk објави уште на почетокот на Февруари.






