Државниот испитен Центар штрајкот го става во мирување, вработените го обвинуваат министерот за притисок

Хаос во образованието. По притисоци од министерството за образование, Државниот испитен центар штрајкот го става во мирување. Велат дека преку притисок не може да се постигне ништо, а тоа сериозно ќе се отслика во полагањето на државната матура, а најмногу ќе им наштети на учениците. Од Синдикатот на Државниот исптен центар реагираат дека е неприфатливо да има 78% зголемување на платите на функционерите, а само за 30 вработени кај нив да не се најде решение.



  • Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата. Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина, велат од ДЦИ.

Ставањето на штрајкот во мирување следува по ставот од министерот за образование дека Државна матура ќе мора да се полага на 27 мај, тврдејќи дека го подготвува теренот за тоа, без да прецизира кој – ако не ДИЦ- ќе го спроведува испитот. Иако, според закон, испитниот центар е единствено овластен да го мониторира полагањето.

  • Мојот став е дека матурата ќе се реализира на 27 мај. Во комуникација сме со ДИЦ, вчера состанок одржа  Управниот одбор на ДИЦ и според информациите се прават сите подготовки за 27-ми. Ако е потребно кадар ќе доставиме од МОН, изјави Шакири во Кавадарци.

Министерот рече дека се работи за штрајк на мал број на вработени, што не е проблем да им се одговори на барањата, но се чека на системското решение за сите во областа образование. На одржување на матурата во предвидениот термин бара и организацијата на средношколски, кои особено се загрижени за оние матуранти кои ќе се запишуваат на странските факултети.