Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу најави полагање на државниот испит за вработување во јавната администрација и на албански јазик.
„Користењето на мајчиниот јазик на испитот за администрација ќе им овозможи на нашите граѓани целосно да ги разберат прашањата и информациите дадени на испитот преку подобрување на способноста за правилно и точно одговарање. Преводот на прашањата на албански јазик обезбедува еднакви можности и ја одразува нашата почит кон јазичната разновидност во земјата. Тоа беше наша заложба што ја реализиравме за многу кратко време“, изјави Алиу.






