Продолжува трендот полнење на државната администрација со партиски активисти, а за тоа е доволен доказот што на огласот за вработување во Државниот архив на позицијата помлад соработник за сметководствено работење во Секторот за финансиски прашања се бара лице со завршени студии Биологија.
Со огласот за Државниот архив се бараат за вработување лица за 4 позиции и тоа еден раководител на одделение, еден помлад соработник за средување и обработка на архивски материјали, еден помлад соработник за сметководствено работење, како и еден помлад соработник преведува за странски јазици. Нето платата со која ќе бидат платени пвие лица изнесува од 29.693 денари до 22.025 денари, дознава „Курир“.
Според порталот, Секретаријатот за законодавство вработува 3 државни службеници на позицијата помлад соработник за странски инвестиции, за добро од општ интерес концесии и јавно приватно партнерство на минерални суровини и вода, како и помлад соработник за земјоделство и животна средина, а нето платата за овие позиции е 20.990 денари.
Втор оглас за вработување има објавено Инспекторат за употреба на јазиците при Министерството за правда, и тоа на позициите раководител на одделение за информатика со нето плата од 29.693 денари, понатаму еден државник на позицијата советник за превод и лекторирање со нето плата од 26.253 денари, раководите на одделение за инспекциски надзор за примена на законот за употреба на јазиците со нето плата 29.639 денари и еден советник за инспекциски надзор за Скопје со нето плата од 26.253 денари.





