Државни резерви на дизел нема доволно ни за два месеца

Државните нафтени резерви во земјава располагаат со дизел гориво за не повеќе од два месеци. Или практично, резервите кои треба да гарантираат снсабдување на државата со ова гориво, практично се полупразни, иако законскиот минимум предвидува капацитетите да се полни за 90 дена.



Директорот на Агенцијата за нафтени резерви Уљуси Бекири вчера за дел од медиумите изјави дека обично Агенцијата набавува два или три пати годишно за ги исполни законските услови, но до крајот на годинава нема да има нови набавки.

Според Бекири, во државните резерви има над 100 милиони литри дизел. Причината поради која не се набавува е бидејќи се поскапи на пазарот. Пред две години државата ги набавувала за цена од 35 до 40 денари, но сега ги купува за цена од 61,94 денари.

„Ги немаме, значи не само ние. Ние сме најдобри во регионот со нафтени резерви. Има многу услови што треба да се полнат и затоа прво немаме многу средства да ги набавиме, тие постепено ќе се направат и ќе има. Сега ќе се продолжи рокот за набавка и може уште 5 години ќе ги направиме, не се знае тоа.“ изјави за Канал 5 Уљуси Бекири, директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.