Ако разговарате со членови на Антикорупциската комисија на Македонија односно Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ви речат дека работат турбо и дека чесно си ги заработуваат огромните пари.
Некои почесни ќе ви речат дека со оглед на капацитетите што ги имаат прават многу повеќе од тоа што реално можат.
Во оваа прилика само два примери според кои Антикорупциската комисија е врзана, уплашена или корумпирана од владеачките партии и не ја врши својата работа како што треба.
Пред повеќе од една година Антикорупциската комисија на срамот утврдила дека министерот за здравство Венко Филипче го прекршил законот во делот на корупцијата и злоупотреба на државни ресурси за партиски цели.
Откако одлуката за Филипче ја испратила до владата таа побарала санкција за Филипче по што цела година молчи.
ДКСК сега вели дека тие ја завршиле својата работа и дека немаат што да прават, дека сега владата е на потег да го казни Филипче но вистината е поинаква.
Антикорупциската комисија која нашла вина кај Филипче може да покрене кривична пријава против премиерот и владата за непостапување по одлуката за министерот а може секој ден да организира прес конференции за да врши притисок владата да го казни Филипче.
Но таа избра да молчи и да тера индивидуални преговори со Вице Заев за членство во составот на идната антикорупциска комисија по крајот на овој мандат.
И така индиректно дозволи во Тетово да ни изгорат живи 14 луѓе.
Пораката и барањето до ДКСК од делот на СДСМ во владата ја знаат сите, “не го чепкајте Филипче а на другите што сакате правете им”.
Дали е сличен случајот со заменикот директор на затворот Идризово кој во работно време беше фатен како тера партиска работа не знам, но ми смрди дека пак се работи за калкулации околу поддршката од ДУИ за идниот состав на ДКСК.
Директорот Идризи фатен како денгуби на партиски настан јавно кажа дека е еден од тие директори што најмногу работи од сите владини директори.
Владин директор фатен како зема плата без да ја заслужи, како троши партиско возило и бензин а членовите на ДКСК молчат и не убедуваат дека некој треба да пријави корупција и криминал за да можат да реагираат.
Не само и господа, вие треба да реагирате на секаква корупција не само по пријава, ама за тоа треба да ги извадите главите од песокот и од газовите на политичарите во власта.
Ако некогаш ги извадите главите од тесните ануси и гласот што го слушаат сите може да допре до вас еве ви две причини за реакција:
Директор од ДУИ се пофали дека е еден од ретките функционери што редовно оди на работа (ВИДЕО)
Венко не чека прв пат милост од брат му на Вице Н – пишува Горан Момироски






