Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија на 14 декември ја извести бугарската берза дека ќе приредува онлајн обложување во Македонија преку потпишан договор со АД Државна лотарија за заедничко трговско друштво. Оваа информација е објавена на бугарската берза, додека од „Државната лотарија“ се уште нема информации во јавност на кои и на колку компании ќе им се овозможи приредување на игри на среќа од ваков тип.
„Ве известуваме дека компанијата 77 БИТС БСЦ ДОО Битола (друштво со ограничена одговорност), регистрирано според законодавството на Република С.Македонија, во која „Телематик интерактивна Бугарија“ АД поседува 50 проценти од капиталот, доби тендер за добивање право на извршување онлајн обложувачка активност организирана од Државна лотарија на Македонија.
Во согласност со барањата на локалното законодавство, помеѓу 77 БИТС БСЦ ДОО Битола и Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, беше потпишан договор според кој двете страни ќе основаат трговско друштво, кое ќе врши онлајн обложувачки активности во Република С.Македонија“, соопшти „Телематик“ во својата информација до берзата.
Единствено претходно што беше познато во јавноста како информација за оваа активност на државата, доаѓаше од Асоцијацијата на обложувалници, од каде сметаа дека ова право на приредување на онлајн обложување треба да им се даде и на нив „а не да се монополизира исклучиво за три странски компании“. Од она што беше познато, повикот на АД „Државна лотарија“ требало да заврши на 22 септември, а до крајот на октомври да биде отворањето на понудите, по што требаше да се изберат трите субјекти кои ќе го приредуваат ова интернет играње, за кое домашните обложувалници и натаму не им е јасно зошто не можат да го приредуваат и сметаат дека условите се однапред договорени со оние што ќе аплицираат.
Линк до целиот текст: https://faktor.mk/drzavatazaedno-so-bugarska-kompanija-kje-organizira-onlajn-oblozuvanje






