Државјанин на членка на НАТО фатен со фотографии на воени инсталации во Македонија

Државјанин на Република Полска вчера наутро бил уапсен откако во неговиот мобилен телефон биле пронајдени фотографии од македонски воени инсталции.



Полјакот со иницијали Х.Л.Р на возраст од 54 години се наоѓа во притвор откако вчера во 10,00 часот на излез од капијата на полигонот Кривилак бил запрен од полицијата.

“По извршените проверки и преглед кај истиот биле пронајдени слики од воениот објект. Во 12,30 часот по наредба на Јавен обвинител од полициски службеници од Полициската станица Неготино, лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка”, се вели во соопштението на МВР.