Државен директор на Морачанин и ДОМ на шетање на море на државна сметка

Директорот на Државниот архив на Република Македонија Емил Крстевски во објава со наслов ,,ПОСТОЈАН ПОДЕМ НА ОДНОСИТЕ СО ХРВАТСКА” преку официјалниот профил на ДАРМ објавува дека бил на службено патување кое нема никаква врска со неговата работа.



Иако во објавата нема информација за никаков контакт ниту со хрватски институции ниту со организации кои се од неговиот делокруг на работа Крстевски се обидува да прикаже дека шетањето на Јадранот има работна природа и некаква службена конотација.

,,Работна и пријателска средба во Шибеник со претседателот на Македонско-хрватската Тангента, Сашо Георгиевски и со Милена Георгиевска, главна и одговорна уредничка на списанието ,,Македонски глас”, што излегува на македонски јазик во Хрватска, и кои се своевидни достојни наши ,,амбасадори” во оваа земја”, објави државниот архив без да прецизира каква е врската меѓу посетата и тоа што го работат Крстевски и институцијата.

,,Државниот архив на s. Македонија ќе биде еден од главните учесници на годинашната прослава на независноста на нашата земја, на 8 септември, што традиционално и свечено се одбележува во Шибеник, со своја изложба и промоција на книги од областа на нашата историја””, изјавил по средбата директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, пренесува профилот на Државниот архив без да прецизира кому му ја дал наводната изјава или си ја дал сам себе си откако пиел кафе по кафеани на морскиот брег.

Преходно Државниот архив постојано се жалеше дека работи во мизерни услови во кои поради протекување на атмосферска вода можат да се уништуваат документи од национален интерес.

Според објавата Крстевски преземал ингеренции на министерот без портфолио одговорен за дијаспората или од Агенцијата за дијаспора.

Злоупотреба на државни пари за приватни посети е дело казниво со закон поради што на потег е Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство.

Од ДОМ засега не ја коментираат посетата на Крстевски на Хрватска со државни пари.

Крстевски е кадар на лидерката на ДОМ Маја Морачанин и еден од нејзините најблиски соработници.