Државата во кома ДУИ како по дома – се забавуваат за државна плата, реакциите биле хистерични

Државата во кома ДУИ како по дома – се забавуваат за државна плата пишува Вечер.мк.



Вицепремиерот Артан Груби на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографии и видео од министрите на ДУИ како играат фудбал и кошарка во неговиот владин кабинет.

„Дрим тим. По еден долг и предизвикувачки ден, анти-стрес забава за одбележување на заедничкиот успех. Денес е голем ден!“, стои во неговата објава.

https://www.facebook.com/ArtanGrubi/posts/757342909088563

По бурните реакции кај јавноста, првиот вицепремиер враќа:

Нема ништо спорно во тоа што игравме фудбал во канцеларијата, пораката беше дека сме одличен тим, дека сме многу сложни заедно, дека сме млади полетни желни за резултати, дека само што сме започнале со работа, изјави вицепремиерот, Артан Груби, во интервју за 24Анализа, а во врска со фотографиите и видеото кои ги објави претходно дента како министри на ДУИ играат фудбал и кошарка во канцеларијата на Груби.

-Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто – рече Груби.