На бизнис заедницата и пукна филмот. Додека развиените земји се справиле со енергетската криза, македонската Влада го преспала периодот. Наместо директна помош до бизнисите, државата ги излажала и компаниите и граѓаните за субвенционирата струја, реагира стопанството. Првиот човек на најголемата Стопанска Комора, Бразно Азески бурно реагира дека државата останала глува на досегашните аларми на стопанството кое по кој знае кој пат реагиаше дека состојбата ќе биде загижувачка.

Азески вели дека одговорност мора да има, бидејќи компаниите мораа да се снаоѓаат на отворениот пазар и да плаќаат енормно високи цени за мегаватчас. Стопанствениците реагираат дека енергетската криза била главната причина што компаниите биле приморани да избркаат од работа стотици работници, поради високите сметки за струја кои поскапеле и до 470%. Иако од Владата се пофалија дека фирмите добиле субвенционирана струја, истата никогаш не ја виделе.

И бизнисмените реагираа дека државата ништо не им помогнала на оние на кои помошта им била и повеќе од потребна. Рекоа дека државата мора да застанае на страната на големите компании кои се моторот на мекедонската економија. Ако и натаму лежерно и од височина само ги посматра, и наредниот период ќе биде погубен.
Стопанската комора бара одговорност и од Регулаторната комисија за давањето лиценци на трговците со струја кои ги оставија на цедило компаниите во екот на најголемата енергетска криза и еднострано им ги прекинаа договорите. Во последниот Извештај на државната ревизија, беше констатирано дека сумата од 5.000 евра, не била доволна за некој да добие лиценца и да тргува со струја. Фактичката состојба според ревизијата е дека евентуалните штети би се пресликале во енергетскиот сектор.





