Кога ние би имале една здрава економска политика и добро менаџирање на јавните пари (во извештајот на Светската Банка се нагласува истото) тогаш самата наша економија ќе биде во можност да ги сервисира долговите, вели економскиот аналитичар, Абил Бауш.
Очекувано е Министерството за финансии да ја издаде новата транша за еврообврзницата за да ги сервисира доспеаните долгови од претходните задолжувања. Народот нека се помири дека ќе биде и полошо, коментираат економските аналитичари по веста дека Македонија вчера ја издаде деветтата еврообврзница, односно се задолжи за нови 600 милиони евра.

Според економскиот аналитичар, Абил Бауш, за разлика од претходните задолжувања, овој пат купонската каматна стапка е голема, 6,3 проценти, што ја прави да биде скапа.
- – Ова мислам дека е направено во неможност на нашата држава да има стабилна политика и добро менаџирање на долговите и нивното сервисирање. Ние со години укажуваме на немање на одредена стратешка политика за јавните пари, а тоа подразбира и задолжувањето на пари за одредени стратешки цели. Во нашата држава со години задолжувањето се прави за да се држи социјалниот мир, а не за создавање на нова клима на економски раст и развој. Кога ние би имале една здрава економска политика и добро менаџирање на јавните пари (во извештајот на Светската Банка се нагласува истото) тогаш самата наша економија ќе биде во можност да ги сервисира долговите, вели Бауш.
Тој предупредува дека веќе во јуни пристигнува новата транша на враќање на долгот земен во 2014 година, а во таа 2014 година нема друга капитална инвестиција, освен проектот „Скопје 2014“.
- – И да резимираме овој транша на еврообврзница стана само еден вид во процесот на задолжување за да се вратат старите задолжувања, а во меѓувреме јавниот долг ви се зголемува и тоа драматично, вели Бауш.





