Државата не знае колку собира и каде се трошат парите од еколошките такси

Државата не знае колку собира и каде се трошат парите од еколошките такси, покажува извештајот на Државниот завиод за ревизија, објавен денеска. Во соопштението од ДЗР е наведено дека во РС Македонија нема интегриран систем за решавање на проблемите со животната средина на национално и на локално ниво, Министерството за животна средина нема увид колку вкупно пари се собираат од еколошките надоместоци, не се спроведува принципот загадувачот плаќа при утврдувањето на висината на надоместоците, Министерството не го наплаќа навреме надоместокот за А-интегрирана еколошка дозвола поради што врши отпис на долгови итн.



Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Даноците во животната средина во функција на ефикасно спроведување на полтиките за заштита на животната средина“, а во соопштението до јавноста се наведени редица од фрапантни недостатоци околу собирањето и трошењето на еколошките надоместоци. Заклучокот е дека ревизорите добиле разумно уверување дека има одреден напредок во спроведувањето на политиките, но тоа е недоволно за да се унапреди квалитетот на животната средина и да се осигура рационално користење на природните богатства.

Даноците за животната средина се класифицирани во четири категории – даноци за загадување, даноци за искористување на ресурси, транспортни даноци и

енергетски даноци, а ревизијата ги опфаќа првите три, за кои во периодот од 2019 до 2021 година биле собрани 838.142.000 денари, односно 13.628.325 евра. За овие пари нема соодветен информационен систем каде на едно место ќе се соберат сите податци за пресметките, наплатата и за меѓусебна координација на институциите што ги наплаќаат, а Државниот инспекторат за животна средина нема законска надлежност да ги казни субјектите што не го плаќаат надоместокот.

Ревизорите утврдиле и дека надлежните субјекти не го пресметуваат варијабилниот надоместок за води, дека се утврдени фиксни надоместоци за управување со отпад, дека надоместоците за А-интегрирана еколошка дозвола не се движат во законски определениете рамки по емисиони точки, како и дека општините немаат еднаков пристап при утврдување на основата за надоместокот за собирање и трансопортирање на комунален отпад.

– За периодот од 2020 година до денот на ревизијата во Буџетот на РС Македонија не се остварени приходи по основ на надоместоци за користење и испуштање на води во износ од 101.616.000 денари (1.652.292 милион евра), за што се склучени спогодби, а процентото на неприходована вода на ниво на државата е под 60 отсто, што значајно повисок од земјите во ЕУ, каде е 30 отсто. Поради неиздадени и ненавремено издадени решенија за надоместокот за поседување на А-интегрирани еколошки дозволи, како и поради ненавремено и нецелосно утужување, заклучно со 31.12,.2021 година се остварени помалку пригоди во буџетот на МЖСПП, односно ненбаплатени се побарувања од 9.453.000 денари (153.7070 евра), а отпипшани се 30.273.000 денари (492.243 евра) – се вели во соопштението од ДЗР.

Ревизорите утврдикле и дека само 37 отсто од општините остваруваат приходи од надоместоци за комунален отпад, а овие пари би требало да се искористат за изградба на регионални депонии.

– Централната лабораторија за животна средина се уште не е целосно акредитирана, а подади невоспоставена соработка со Министерството, Државниот инспекторат за животна средина мора да користи услуги од приватни акредитирани лаборатории, кои во исто време вршат мерења и изработуваат елаборати за загадувачите – велат од ДЗР.

Ревозорите велат дека не може да се обезбеди показател за степенот на искористенот на надоместоците за финансирање на активнисти од областа на животната средина. Во периодот од 2019 до 2021 година се програмите за инвестиција во животната средина имаат реализираност од 61 отсто, а поради непреземени активности раскинати се договори од програмата за управување со водите во износ од 6.520.000 денари.

– Парите во буџетот на МЖСПП не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата – се вели во соопштението дод ДЗР.

ДЗР наведува и дека поради отсуство на интегриран пристап во начинот на распределба и користење на надоместоците за животна средина, според податоците до Државниот завод за статистика, инвестициите и трошоците за заштита на животната средина учествувале незначително, со само 0,6 отсто во БДП за 2020 година.