Директорот на Државна видео лотарија – Касинос Аустрија Костадин Каракабаков потпишува договор за набавка на 500 коцкарски машини.
Оваа скандалозна информација за набавка на коцкарски машини додека пациенти немаат лекови за различни видови лекови е објавена на сајтот за Јавни набавки.
Цената на набавката на коцкарски машини е над 2 милиони евра.
Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Аустриа ДОО Скопје е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна Лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернационал Македонија. Од формирањето, па се до денес Државната видео лотарија ја следат контроверзни одлуки, сомнително сопствеништво и бизнис тежок милиони евра.
Од ноември 2016 година Аустриан Касинос Интернешнл ДОО победи на меѓународниот тендер објавен во јуни 2013 година како најдобар понудувач од страна на комисијата формирана од Државната Лотарија која е во целосна сопственост на Владата.
Одлуката беше објавена на прес конференција во владата во јануари 2014 кога тие информираа дека Државната видео лотарија заедно со фирмата победник, Аустриан Касинос Интернешнл ДОО, формираат јавно приватно партнерство во заедничка компанија наречена Државна видео лотарија.
Аустриан Касинос Интернешнл ДОО е формирана на 23 јули 2014 година или само десет дена пред формално да се затвори тендерот на којшто се бара потенцијалниот партнер на владата за јавно приватно партнерство.
Целиот договор за набавка на коцкарски машини за над 2 милиони евра
Најчитани вести
Како станал премиер?
Божиновски најавува објава на страшни факти за премиерот Ковачевски: ,,Сечел глави”










