Откако пред 3 дена и писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
Петрески, утрово соопшти дека поднел оставка од здравствени причини.
„Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати“, наведува Петрески во пораката до колегите и медиумите. Можеби ќе ве интересира
Петрески раководеше со Друштвото на писатели од мај 2022 година.






