Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Египќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија и кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“ ќе добијат свои празници.



Ова е предлог на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија, кои воедно предлагаат и промена на името на Законот во закон за празниците на Република Северна Македонија.

Со ова Македонија ќе добие 10 нови празници за припадниците на овие групи.