Еден од најактивните владини апологети Љупчо Зиков кој освен што е новинар е и финансиски директор на државната компанија МЕПСО именуван од владата а често пати како политички аналитичар се појавува на ТВ дебати, доби незгодна порака од обична граѓанка.
Ивана Коровешовска која од Македонија работи за странска фирма а индиректно е спомената од владиниот функционер – новинар – аналитичар во ТВ емисија на Зиков му порачува дека треба да запре со евтиниот популизам во обид да ја одбрани владата за огромните грешки што ги прави.
Во продолжение целото обраќање до Зиков од Коровешовска:
Почитуван господине Зиков,
Бидејќи индиректно бев повикана меѓу споменатите на вашето гостување во утринската програма на тв 24, кое за жал го проследив во рамки на репризното издание во раните утрински часови, извинете што малку ќе задоцнам со реакција на тоа што толку убедливо го тврдите и дрско го изнесувате.
Прво: ние што работиме за странство а сеуште живееме во Македонија (ДА МАКЕДОНИЈА!), не сме индиферентни, баш напротив – сакаме вашиот евтин популизам и клиентелизам да го излечиме и конечно да му ставиме крај. Не ни е страв од никој и ништо бидејќи фала богу не зависиме од политичка определеност и вработување кое се должи на партиска книшка, меѓутоа и те како сме заинтересирани што конкретно ќе се случува на Македонското тло бидејќи одлучивме тука да го поминеме остатокот од животот, не земајќи во предвид дека можеби вам (политички определените постари граѓани кои живеат во заблуда дека “се’ што е вредно избега“) статистички ви нарушуваме зацртана стратегија да ја контролирате масата преку медиуми со помислата дека интелектуалците се одселиле.
Извинете, ама НЕ 😊
На кого побогу му продавате приказни за мали деца од типот: “јас сум про ЕУ, треба да се развиваме“ и бла бла бла?! Со какво лицемерие излегувате и одработувате владина агенда која ќе замине во историјата како едно најголемо зло и пропаднат обид за било каков напредок на потонатава земја и народ? Btw до кај сме со датумот?!
Второ: Чебрен НЕ Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА СДС И ДУИ! Со која бре дрскост и игноранција се дрзнувате да излегувате на телевизија и да говорите (небаре сте експерт во областа и знаете за што зборувате) кога аплаудирате за најштетниот договор кој 2 политички партии кои не консултирале експертска фела СИ ГО ПОТПИШАЛЕ со некоја си Грчка фирмичка (небаре на татко им имањето па ќе шиткаат национални проекти кои патем ЈАС и МОЈАТА ФАМИЛИЈА ќе ги плаќаме во идните 60-70 год)?? Вие како партиски измеќар, излегувате да верглате дење ноќе како ова е од големо значење за патот кон ЕУ, а очигледно немате благе везе за што конкретно се работи (контактирајте го професорот Атанас Тунески ако веќе коментирате на темава – ќе ви објасни убаво со факти и бројки). Има инженери на темава (кои патем не знам дали знаете дека протестираа околу оваа одлука) кои професионално ќе ги образложат негативно-штетните страни на овој договор и што Македонија ќе изгуби, затоа ве замолувам да не трчате со репетитивни изјави по телевизии и за доброто на сите – повикајте ги на разговор.
и Трето: За жал или за среќа ќе излеземе и ние што работиме за странство а живееме во Македонија на избориве и ќе ви кажеме што мислиме и во кој правец ќе оди државата во следниов период, која патем ќе остане моја многу подолго отколку што ќе биде ваша.
Поздрав од една од тие што работат за странство 😊
п.с. Тагнете го ве молам Ljupco Zikov тие што ви е пријател.






