Дрски крадци ограбиле инспекторски канцеларии во зградата на МРТВ

Во саботата биле демолирани се канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, чии простории се лоцирани на 12 кат во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ), објави МИА.



„Демолирани се канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, искршена е и украдена опрема“, ја потврдиле информацијата и од Инспекторатот.

Од објавените фотографии се гледа дека била обиена бравата на влезната врата во Инспекторатот, а во просториите има и расфрлени столови и друг канцелариски инвентар.

Случајот во Министерство за внатрешни работи (МВР) го пријавил директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ферди Шабани.