Во интервју за Бриселскиот портал Еурактив, комесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји вели дека „ова е момент за отрезнување за С. Македонија, но и за опозицијата“.
„Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, оценува еврокомесарот.
Вархеји вели дека Македонија ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот.
Вархеји воинтервјуто на критикува „националистичката опозиција“ која организираше протести во Скопје, за кои Вархеји вели дека ги преминуваат основните демократски црвени линии.
Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата“, вели еврокомесарот.
Во исто време, тој посочи дека „Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земји-членки сакаат двете држави да одат напред“, но додава дека Тирана сега може да продолжи и сама.
„Целиот процес на проширување се заснова на заслуги, вели Вархеји, а сега трката е во тек, кој и да испорача прв, треба да има право да се приклучи прв.Она што е важно е дека ако тие испорачуваат брзо, ние сме подготвени да се движиме брзо, (…) и бидејќи сега сме одговорни, конечно, брзината ќе биде многу, многу поразличн“, вели Вархеји.






