Екипа на телевизијата Алфа доживеа непријатна ситуација дожижеала ТВ едодека снимале сторија за четиригодишната Бисера која е дете со дијабет.



Додека таткото на девојчето објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, дрска жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат со образложение дека – бил „резервиран“.

На прашање на водителката дали знае за што е интервјуто, жената одговара:

„Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“, вели жената која додава дека не се срами.

Ова предизвика бран критики на социјалните мрежи:

„4-годишната Бисера, дете со дијабет, требаше да се тргне од летниковецот и да стои на сонце со татко ѝ, бидејќи некоја „госпоѓетина“ еднаш во годината славела роденден за нејзното дете“, се коментира на социјалните мрежи.

„Страшно и многу жално… Згрозена сум од тоа со какви се луѓе – нелуѓе го делиме воздухот. Пропусти…пропусти… Не е до децата, до возрасните е! Што да очекуваме, што ќе научи детето на оваа мајка. Ако може да се нарече и мајка, затоа што секоја нормална жена реализирана како мајка е полна со љубов за своето и за секое друго дете и за секое битие! Човек кој има љубов во себе нема да пројави вакво однесување во ниту една ситуација! Господ да им даде сила на семејството Младеновски и на остантите семејства кои се соочуваат со вакви предизвици“. 

„Се згрозив од односот на жената. Срам и арам да и е! Да не ти се верува, жално многу жално!

„Таков простотилок, дрскост, себичност и лошотилок на, „г-ѓа” мајка што слави роденден за своето дете, има и ќе ги има за жал. Со вакви однесувања на возрасните, се воспитуваат-не воспитуваат децата, Тоа се длабоко несреќни и искомплексирани личности“ се дел од коментарите.