Две украински беспилотни летала погодија два облакодери во Москва, каде се наоѓаат владини канцеларии, објави Гардијан.



Ова на социјалните мрежи го потврди и градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Тој увери дека штетата е само материјална и нема загинати.

Едно лице е повредено во нападот на Московскиот меѓународен деловен центар. Зградите сепак биле „малку оштетени“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Москва и нејзината околина се на повеќе од 500 километри од украинската граница и тамошниот тековен конфликт, но беа цел на неколку напади со беспилотни летала оваа година.

Киев без коментар за нападот, но Украина обично одбива да ја преземе одговорноста за нападите врз Русија.

Руското министерство за одбрана го нарече „обид за терористички напад“.

Воздушниот простор на Москва беше привремено затворен откако два дрона беа соборени во регионот на главниот град.

Московскиот аеродром Внуково е привремено затворен за летови за полетување и слетување, авионите се пренасочуваат кон други аеродроми.