Хрватската влада објави дека военото беспилотно летало , според досега собраните податоци, навлезе во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор, со брзина од 700 км/ч на височина од 1300 метри.
Во тек е истрага во соработка со криминалистичката полиција и воената полиција, а во координација со безбедносниот и одбранбениот систем се преземаат и други мерки, вклучително и меѓународна соработка, особено со НАТО, заради утврдување на сите околности на настанот.







