„Атлетичарката Дрита Ислами, една од најуспешните спортистки во ‘нашата земја’ му ја даде својата поддршка на сегашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов како кандидат за истата функција и на локалните избори на 17.октомври.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.
„Во видеоклипот објавен вчера на веб – страницата на сегашниот градоначалник Шилегов Дрита им ја испраќа својата порака на скопјани. Во пораката таа вели дека кога мисли на Скопје, мисли на еден град каде што сите граѓани се рамноправни и каде што нема разлики меѓу луѓето. Таа мисли и на еден град, кој се развива подеднакво и каде што Сарај има исти услови за живот како и другата страна на градот.
Пораката на Дрита Ислами завршува со силна поддршка за градоначалникот Шилегов, велејќи дека кога мисли на Скопје мисли на најдоброто во својот град и нагласувајќи дека најдоброто за Скопје е Петре Шилегов.“ – пишува „Лајм“.
Инаку, на истата фб – страница на Шилегов, веднаш спроти видео – пораката на Дрита Ислами, покрај малубројните коментари напишани под предизборната порака на Шилегов, напишана на македонски и албански јазик, дека тој кога мисли на Скопје, „мисли на град еднаков за сите“ веднаш може да се прочита и следниот коментар на еден скопјанец: „Кога мислиш на Скопје тогаш тоа треба да те асоцира на стотици избркани луѓе од работа во јавните претпријатија под град Скопје и илјадници деградирани, затоа што не се членови и симпатизери на СДС.“
Извор: https://lajmpress.org/drita-islami-me-mbeshtetje-per-petre-shilegov/





