Дрин Ахмети официјално е нов директор на Соравиа

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс.



Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата.

Како што беше претходно објавено за младиот бизнисмен од Кичево, тој ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар „Соравија“. Мнозински сопственик со 51 проценти од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, додека 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравија. Соравија ја премолче цената за купопродажбата на деловниот центар, велејќи дека е деловна тајна.

Партнерите тогаш истакнаа дека трговскиот „Соравија“ има над 20 милиони евра долг. За негово покривање, ниту денар нема да дадат новите компании – сопственици, туку за таа намена е земена кредитна линија во висина од 6 милиони евра од албанската Крединс Банк. Во зависност од развојот на бизнисот, се планира да се намалува и долгот. Доколку за три години деловниот центар „Соравија“ биде непрофитабилен, сопствениците планираат да го продадат. Освен за долгот, тројцата сопственици на “Соравија“ практично не открија никакви детали за купопродажбата.

Линк до целиот текст.

https://faktor.mk/drin-ahmeti-stana-direktor-na-soravia