Дрин Ахмети од „Кичево“ ги пресели фирмите во „Скопје“, па и во Соравиа

Младиот бизнисмен Дрин Ахмети ги пренесе своите фирми во Соравиа во Скопје, откако преку летото беше објавено дека една од неговите компании – Тор Индустрис ќе има удел во деловниот бизнис-центар.



Фирмите кои Ахмети ги поседува Еверест ЏД и Потам Плант од пред десетина дена наместо „Кичево“ го имаат називот „Скопје“ во своето име и се префрлени на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“. Од она што претходно е опишано во медиумите, станува збор за фирми кои работат со концесии.

„Компанијата Еверест ЏД имаше 5 милиони евра проценета вредност на концесија, а компанијата Потам плент (Potam Plant) со хидроенергетскиот проект во 2022 имаше проценета вредност на инвестиција од 400 илјади евра. Вредноста на средствата на Еверест ЏД и Тор индустрис е меѓу 7,5 и 8 милиони евра. Ангажирана е компанија за проценка на вредноста на средствата и наскоро ќе ја имаме и официјалната проценка за вредноста која веднаш ќе ја објавиме“, претходно соопшти Ахмети за еден од медиумите во текот на изминатиот јуни, давајќи поблизок опис за работењето на неговите фирми.

39-те проценти од Соравиа се уште не му се заведени во Централниот регистар на Ахмети, но му се заведени сопственички или управителски позиции во 4 фирми. „Еверест ЏД“ се занимава со нискоградба, има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрали, додека „Потам Плант“ е фирма за производство на струја. За „Еверест ЏД“ од претходно се знае дека стопанисува со каменолом и има договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас.

Линк до целиот текст.

https://faktor.mk/drin-ahmeti-gi-prenese-svoite-firmi-vo-soravia