Познати причините за тензиите што настанаа по мечот во оќкиј Швајцарија ја победи Србија со 3-2 по што ги продолжува натпреварите на Мундијалот.
Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака по мечот облече дрес со името Јашари и предизвика тензии во Србија, но тој објасни дека дресот нема никава врска со идеологот на ОВК Адем Јашари кој беше убиен од српските власти во 1998 година.
„Не беше тоа политичка порака каква што мислите, туку се однесува на еден млад фудбалер Адон Јашари од Македонија, има 20 години, тој е мој пријател и кон кого сакав да испратам полна поддршка. Знам како му е, а и јас бев млад и само сакам да му помогнам, му ветив ако дадам гол дека ќе го облечам неговиот дрес“, рече Џака.






