Ако се спореди бројот на допаѓања на Фејсбук што екс премиерот Груевски ги добиваше до пред десетина месеци со тие што ги добива во последно време ќе се забележи драстично намалување на бројот на луѓето кои ставиле ,,лајк” на неговите постови на Фејсбук.
Ако до септември минатата година Груевски редовно добиваше по пет до десет илјади ,,лајкови” во текот на оваа година бројката на допаѓања се движи меѓу 600 и 3000 илјади.
Во двата поста кои годинава добил значителен број на лајкови тој зборува за Исус од Назарет (11 илјади) и за спортскиот успех победа против Италија на фудбалерите (7 илјади).
Бројот на лајкови за неговите коментари за политички или правосудни теми е далеку од бројот на лајкови кои екс премиерот Груевски ги добиваше до август септември минатата година кога за обична благодарност за честитка за роденден добиваше десетина илјади лајкови
Дали намалувањето на лајковите во последниве денови се должи и на неговото ставање на таканаречената ,,Црна листа” на САД не може да се тврди со сигурност но бројките покажуваат дека на социјалните мрежи има сериозен тренд на намалување на поддршката за екс премиерот кој четврта година е во бегство во Унгарија каде доби политички азил како прогонувано лице од македонските власти.
Линк до профилот на Груевски каде може да се види трендот на поддршката на Фејсбук
https://www.facebook.com/NGruevski
Најчитана вест
,,Герила” добредојде за највисоките софиски функционери
Петков и бугарските гости во битолско дочекани со тешки пораки (ФОТО ГАЛЕРИЈА)






