Обраснат со трева и запуштен како никогаш до сега, слика која личи на се, само не на културна институција. Вака денес изгледа „Драмски“ театар – Скопје, кој некогаш беше симбол на Градот во кој израснале генерации и генерации актери, објави Алфа. Но сега, како да се сменило времето, глетката тажна, празно, искршен плочник, речиси никаква инфраструктура околу објектот. Бифето повеќе од половина година е вон функција, воденицата која по која беше препознатлив Драмски е речиси распадната, а околното зеленило речиси исушено. Едноставно, сликата наликува како од минатиот век. Граѓаните се револтирани од лошата слика на театарот, која како што велат, го нагрдува и Скопје, но и општина Карпош.

- – Катастрофа, ова се распаѓа, не само Драмски, тоа и државава ни се распаѓа, па никому ништо. Овде пред 6 – 7 месеци имаше вода, кафетерија, сега води, нема кој да ги навади растенијава, мизерија, реагираат старите скопјани, зашто пред нивни очи пропаѓа се, немоќни да сменат нешто.
Го нема џагорот пред маалското бифе кај Драмски, кое со месеци не работи. Актерите, но и вработените ако сакаат надвор да испијат кафе, нема кај да седнат, освен пред маркетот спроти театарот. Алфа се обиде да стапи во контакт со менаџментот на Театарот, но попусто. В.д. директорката на Драмски, Викторија Рангелова Петровска, имала многу состаноци и не можела да најде време за медиумите. Повеќе од репортажата на ТВ Алфа.





