Министерството за здравство информира дека
Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на коронавирус, информираа од Министерството за здравство.
Ако вчера бројот на новозаразени беше 49, денеска има драматино поголем број и покрај радикалните мерки за спречување на движење на граѓаните.
Најмногу од новозаразените се од Куманово, вкупно 18, по што следат Скопје – 15, Прилеп – 14, Тетово – 2, Струга – 10, Велес – 6 и по еден заразен во Битола, Гостивар и Кочани.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица.





