Драма во скопската ЗОО, алигатор во пубертет ,,бркан” пред посетители

Иако и предходно бил предупреден директорот на скопската зоолошка градина не ја поправил ниската ограда по што еден од двата крокодили избегале од своето живеалиште.



Крокодил од Зоолошката градина во Скопје синоќа направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, потврдија од Зоолошката градина, пишува ПРИЗМА.

За среќа, не настанал поголем инцидент, бидејќи утринава крокодилот бил најден во езерото и бил повторно дислоциран во своето живеалиште.

Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил изутринава не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште и дека треба да се смени ниската ограда.

„Крокодилите се млади и во добра кондиција, бидејќи сега влегуваат во пубертет. Тргнал ноќе да истражува. Констатиравме дека оградата треба да се смени, но решивме тоа да го направиме на пролет, бидејќи за кратко ќе заврши сезоната и ќе бидат на затворено. За среќа тој не изел ниту една патка, а зоолошката сè уште беше затворена“, вели Галетановски за БИРН.

Очевидци пак тврдат дека операцијата за враќање на крокодилот Гањо се одвивала додека Зоолошката била отворена и имало посетители.