Драма во Кратово: Еден истепал, друг прободел со нож, другар му го нападнал полицаецот

Синоќа во 01.40 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во центарот на Кратово, пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на А.Ј.(26) од Скопје кој физички го нападнал С.П.(21), а со остар предмет го повредил М.Д.(19), двајцата од Кратово.



„Полициски службеници излегле на местото и при обид А.Ј. да биде лишен од слобода, Д.К.(23) од с.Каврак, кратовско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а двете лица избегале со патничко возило, управувано од Д.М. од с.Железница, кратовско“, велат од МВР. 

Малку подоцна Д.К. е пронајден и лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот до инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.