Драма во Белград: Со нож нападнал двајца во црква

Денеска околу 11,05 часот во Белград во просториите на Првата Христова црква, извесен Илија Н.(1983) со нож нападнал и му нанел повреди во пределот на стомакот на А.Р.Д. (1958) по потекло од Гвинеја, пренесоа медиуми



После тоа му нанел убоди со нож и на С.М. (1982).

Двајцата повредени, како и старешината на црквата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар.

Полицијата за 2 минути го привела осомничениот.

На осомничениот вчера му било кажано дека е избркан од црквата.

Денеска дошол да се одмазди, извадил нож и избодел двајца мажи.