Aвион кој сooбраќал на релација Истанбул-Скопје, вчера имал дури 5 неуспешни обиди да слета на скопскиот аеродром. Тој кружел над македонското небо, но не успеал да слета поради невремето, дознава „Скопје1.мк“.
Еден од патниците за порталот изјавил дека во авионот настанала паника и вриштење. Еден час траела драмата со слетувањето, а искуството било ужасно
Авионот бил на превозникот „Туриш ерлајнс“, а во него, дел македонската делегација која учествуваше на конференцијата од УНЕСКО во Баку, меѓу кои, градоначалникот на Охрид.
Јавноста во Македонија е шокирана со аферите за набавката на радари и „бомбите“ кои се објавија, како и аферата за избегнат судар на македонското небо, и затоа повторно се отвора прашањето каква е безбеднста на авио сообраќајот?- пишува „Скопје1.мк.“




