Новинарско – докторска драма се случила денеска на Детската клиника на Клиничкиот центар мајка Тереза откако новинарот Фуркан Салиу ја соочи директорката Аспазија Софијанова со огромни суми кои таа ги добивала како месечно примања како директорка и лекар.
Според тоа што се слуша на видеото Софијановаа добивала над 3000 евра месечно од клиниката а огромен дел од тоа се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа.
Кога директорката ги добива документите издадени од Клиниката што ја води таа почнува со закани кон новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу.
Притоа таа признава дека се работи за оригинални документи од клиниката и бара новинарот да и ги даде имињата на тие што ги откриле документите за медиумот.
Според видеото Софијанова земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата.
Видеото завршува со закана дека директорката ќе се јави некаде од каде новинарот треба да биде дисциплиниран.
Салиу сепак го објави видеото на овој ЛИНК





