Пред депонијата Дрисла, каде што се носи сметот од Скопје, се случува драма во која од менаџментот може да се чуе дека е добиена наредба да не се пуштаат камионите со ѓубре кое вечерва го собраа градоначалниците на скопските општини од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалниците на општините Кисела Вода Орце Ѓоргиевски и на Аеродром Тимчо Муцунски, го убедуваат менаџментот дека камионите собрани во нивните општини мора да влезат затоа што по четири дена хаос на Скопје може да му се случи зараза.
Тие велат дека општините ќе си платат за истовар на ѓубрето како што предвидува законот и се согласија да почекаат додека трае консултација меѓу вработените во Дрисла и администрацијата на Данела Арсовска. која според партиски извори не дава да се внесе сметот кој вечерва го собраа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Видеото на овој линк
https://fb.watch/lGUKlPR7xa/?mibextid=Nif5oz
Најнова вест
Ескалација на кризата со скопското ѓубре
Пред Дрисла истоварено ѓубрето што не сака да го прими Данела Арсовска (ВИДЕО)
Неверојатно однесување на скопската градоначалничка Данела Арсовска
Дрисла не го прима сметот што го собраа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)






