Драгана Костова прва жена тренер на машки фудбалски тим во Македонија

Новиот второлигаш Росоман ја именува Драгана Костова за шеф на Стручниот штаб во новата сезона, со што таа стана првата жена тренер на машки фудбалски тим во Македонија.



„Драги наши поддржувачи и пријатели, од вчера официјално ШЕФ(ица) на стручниот штаб на ФК РОСОМАН 83 е Драгана Костова!

Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе!“, објавија од клубот.

Костова е поранешна македонска репрезентативка и поседува тренерска А-лиценца.