Кога бараме ние како луѓе да се брани Македонија можете да одговорите на барањето но кога бара државата тогаш немаме избор мора да ја одбраниме.

Ова е една од пораките на новинарот Драган Милосављевиќ од емисијата Заспиј ако можеш кој вечерва се обрати на протестот против владината намера да го прифати францускиот предлог кој на Бугарија и овозможува да контролира дел од Македонските политики и закони преку пристапните преговори со ЕУ.

Зошто Бугарија како сосед не малтретира со години и децении а ние како мирен и питом народ не сме сториле никому ништо лошо, беше едно од прашањата што ги отвори Милосављевиќ во своето емотивно обраќање.

Обраќањето на Милосављевиќ почнува на околу 38 минута од видеото





