Др. Теута Арифи се изрезили на Фејсбук со словенечки економист

Градоначалниката на Тетово и доктор на науки Теута Арифи покажа елементарно непознавање на југословенската историја при објавување на фалби за нејзните активности како прв човек на градот под Шара.



Имено Арифи во постот на Фејсбук кој е само на албански јазик без превод на македонски наместо да пишува за улицата Борис Кидрич таа зборува за зафати на улица Бориски Дрич.

Кидрич бил југословенски економист автор на првата југословенска економска реформа по кого беа именувани училишта, улици и стопански субјекти во поранешна Југославија.

Арифи е доктор на филолошки науки од приштинскиот универзитет и екс вицепремиер за евроинтеграции.