„Мислам дека голем дел на високата смртност (од Ковид19 -н.з.) се должи на нашето запоставено здравје.
…Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, рече тој во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19.
Оваа изјава на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски ги разгневи граѓаните, пишува порталот „Скопје инфо“
„Скопје инфо“ пренесува неколку реакции од граѓани:
Скапо е да се одржува сопственото здравје незапоставено. Скапа храна, скапо лекување, евтин е само човечкиот живот кога ќе биде препуштен во неумесни докторски раце, со чест на исклучоците кои спасуваат животи“!
-Нема чист воздух, вода, почва, има недостаток на континуирано образование за сопственото здравје, лош здравствен систем, сиромаштијата која креира преголем стрес и запуштено здравје… на кратко!“, вели една граѓанка.
-Запоставеното здравје се должи на: – неможноста да одиме на време на доктор, бидејќу нема термини. – неможноста да направиме ехо, КТ, МР, мамографија на време затоа што нема термини – неможноста да одиме на контролана време затоа што нема термини… апоставеното здравје е поради запоставениот и застарен здравствен систем, кој патем 30 години е ист!
-Пациентите ви починаа од лекарска негрижа и немање на протокол за лекување (секоја клиника своја политика), оставени две сестри со пациентите, сиромашните незнаат што да прават, а доктор ни за лек па мора и него да го покриваат да не речам да лажат дека е тука (демек на работа). ПЦР, крвна слика, снимање на приватно бидејќи нема термин. Срамота и жално!, вели револтиран граѓанин.
-Запоставено здравје е и сиромаштијата… имунитетот кај повеќето е на најниско ниво…цени оган изгор…овошје скапо, зеленчук скап…месото прескапо, млечните производи исто, витамините во аптеките недопирливи и што преостанува…зелка, компир, кромид, зимница…тешко претешко за многу фамилии…, констатира друг.
-Со стандардот што го имаме и цените на квалитетните лекови и здравствени услуги кои ги немаме, какво здравје можеме да имаме, ако не запоставено. Добро е што и до толку сме здрави, смета еден наш читател.
-А можи на немањето услови во болниците, купените дипломи, партиските вработувања, повеќедецениската негрижа за болниците, и на крај скапото лекување и евтиниот човечки живот, вели една граѓанка.







