„Како најпрво и најзначајно требаше да се воспостави контрола на границите, на граничните премини“, вели вели доктор Игор Николов, од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио Слободна Европа одговарајќи на прашање кои владини мерки требаше, а не беа преземени порано.
„Во никој случај не смееше да се дозволи луди журки и забави во затворен простор“ – продолжува Николов. „Можеби тоа не беше дозволено на хартија, официјално напишано, но сите бевме сведоци. Ние кога сме сведоци дека нешто се случува, не видовме корективна реакција. Овие собирања во затворен простор траеја два и пол месеци, сите бевме свесни дека тоа ќе резултира со некаков исход, но никаква мерка не беше преземена, никаква корективна акција не видовме. Не можеме само да кажеме дека имавме мерки на хартија, но некој не ги спроведувал и не го контролирал мерките“.
Николов вели дека „ова што сега ни се случува е влегување во едни мерки одеднаш. До извесен период ние бевме во еден период кога немавме никакви мерки. Доколку се преземеше нешто пред месец и половина или кога беше најавен овој четврт бран, овој Делта бран, тоа беше на почетокот на јули месец, дури и нашата Комисија даде јасни, кратки, 15 предлози со кои требаше да се подготви здравствениот систем…
Интервјуто н Др Николов ан следниот ЛИНК






