Др. Лазаров: Го нема Наќе, сега народот ќе ви е крив, неспособни едни

Еден од најактивните здравствени работници во коронакризата со реакција на однесувањето на македонските власти кои во време на рекордни бројки на заболени вчера не успеаа да затворат ресторан каде се кршел законот за спроведување на мерките против Ковид-19.



“Не може пазарна инспекција да ни ја води борбата со SARS-CoV-2 бе неспособни едни.

Сакавте избори у сред разгорена епидемија за “да има стабилна и цврста власт”, а донесовте безвластие уште толку, и сеа немате м..а да спроведете закон и ред ради плејада на лаги кажани предизборно…
Пола муабети лаги ви се, како сакате да ви верува народ и да е послушен?
Го нема ни кутриот “Наќе” сеа да ви е крив, сеа народ ќе ви е крив”, пишува Лазаров кој беше активен и во информирање на јавноста и во хуманитарно производство на заштитни визири и опрема.