Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, е позитивен на вирусот Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.
Тој останува дома во изолација, се чувствува добро, а во изолација останува и неговата сопруга.






